Oд наредниот месец Facebook ќе наплаќа 143 денари за месечно користење

8 октомври, 20140
Oд наредниот месец Facebook ќе наплаќа 143 денари за месечно користење

Од Фејсбук, исто така, изјавија дека разбираат дека постојат луѓе кои не можат да си дозволат 143 денари да плаќаат за чланарина, па за нив ќе постои посебна опција.

На пресконференцијата што ја одржа раководството на Фејсбук во Калифорнија, изјавија дека од први ноември на корисниците на фејсбук ќе им се наплаќа по 2,99 долари месечно или 143 денари. До вакво решение дошле поради константните трошоци кои ги има Фејсбук како сајт, кои се многу поголеми од придобивките.

„Доколку корисниците на фејсбук сакаат сајтот сеуште да постои, мора да ја плаќаат оваа чланарина. Жалиме што дојдовме до ваква одлука, меѓутоа не постои никаков друг начин како да опстанеме како сајт.“ – изјави Марк Цукерберг.

На ваквата информација најмногу се израдуваа акционерите на фејсбук, кои изјавија дека доколку барем 70% од 1,317 милијарди корисници ја платат чланарината, тоа би значело дека не само што сајтот ќе опстои него ќе можат да се направат и многу новитети на него, а и воедно тие побргу ќе си ги исплатат кредитите за имотите што ги поседуваат.

Од фејсбук, исто така, изјавија дека разбираат дека постојат луѓе кои не можат да си дозволат 143 денари да плаќаат за чланарина, па за нив ќе постои посебна опција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi