Перфектен смартфон за селфи фотографии

11 октомври, 20140
Перфектен смартфон за селфи фотографии

Тајванскиот производител на паметни телефони „HTC“ го претстави вчера својот нов модел „Desire Eyе“.

Главни карактеристики на смартфонот се пристапната цена и двојната 13-мегапикселна камера (напред и назад, погодна за „селфи“). Преку софтверот на смартфонот, тој ќе прави фотографии, кога ќе се постави вертикално и стабилно во позиција за фотографирање, без потреба на притискање на дополнителни копче, како и да снима видео, кога ќе ја слушне командата „action“.

Моделот е продолжение на многу успешната евтина серија „Desire“, па поради тоа во него компанијата полага големи надежи. Иако алуминиумскиот модел од највисока класа на компанијата „HTC One M8“ е определен од многу професионалци како најдобар „Android“ -паметен телефон, тој не ужива доволна продажба за да се компензираат загубите на тајванскиот производител.

Смартфонот ќе е со 5.2-инчен „Full-HD“ дисплеј со 424 точки на инч. Тој ќе биде придвижуван од „quad-core“ процесорот „Snapdragon 801“ на „Qualcomm“ со фреквенција од 2.3GHz. „HTC Desire Eye“ има вградени звучници „BoomSound“ за максимален квалитет на звукот, а исто така уредот е водоотпорен.

„Desire Eyе“ ќе располага со 2GB RAM, „Аndroid 4.4“, „Bluetooth 4.0“, „Wi-Fi“, „NFC“ и „LTE“, како и 16GB внатрешна меморија. Се уште не е познато кога компанијата планира да ја стартува продажбата на новиот смартфон на европскиот континент. Се шпекулира дека цената на смарфонот може да е околу 350 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *