Споредба на издржливоста на сите досега произведени iPhone паметни телефони

22 октомври, 20140
Споредба на издржливоста на сите досега произведени iPhone паметни телефони

Тимот на TechRax во овој видео запис и конечно ќе ни покаже дали издржливоста кај паметните телефони на Apple со текот на годините е подобрена или сепак нажалост е влошена.

Новиот паметен телефон на Apple секако беше и долго очекуван, а исто толку очекувано беше и неговото зголемување на екранот. Меѓутоа и покрај тоа што се поголеми, побрзи и поубави, новите iPhone телефони, односно моделите iPhone 6 и iPhone 6 Plus, имаат и една навистина слаба точка – тие се исклучително многу нежни и подложни на оштетувања.

Овој проблем секако кулминираше и со скандалот #Bendgate кој е поврзан токму со “свиткувањето” на новиот модел на Apple, iPhone 6 Plus.

Во овој тест, телефоните буквално се “фрлаат” и тоа од два агли, на предната страна и на страничниот дел. Очекувано, падот на предната страна кај повеќето модели е и “фатален” за паметниот телефон кога најчесто целосно се распрскува екранот за после тоа телефонот да биде и речиси неупотреблив. Ова за жал е нешто од кое страдаат повеќето нови паметни телефони, бидејќи тие најчесто поседуваат огромни екрани на допир кои го заземаат целиот преден дел од маската.

Ако зборуваме за паметните телефони на Apple, моделот iPhone 3GS се покажа како најиздржлив и воедно тој е единствен кој успеа да го “преживее” падот на предната страна.

Сепак, ако повторно го прегледате видео записот, лесно ќе забележите дека овој модел всушност и многу лесно ве’ измамил на тестот. Погледнете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi