Поучна приказна: Што навистина сакаат жените?

25 јануари, 20150
20

Младиот крал Артур бил пречекан во заседа и заробен од монархот на соседното кралство.

Монархот можел да го убие, но бил трогнат од Артуровата младешка среќа и веселост, така што му понудил слобода, под услов да одговори на едно многу тешко прашање.

Монархот на Артур му дал рок од една година да го најде вистинскиот одгово, во спротивно ќе биде убиен. Прашањето било: ШТО НАВИСТИНА САКААТ ЖЕНИТЕ?

Таквото прашање би било комплицирано дури и за најучениот човек, и знаејќи го тоа младиот Артур мислел дека се наоѓа во невозможна мисија, барајќи точен одговор. Но тоа сепак било подобро од смртта, па го прифатил предлогот и на монархот му ветил дека ќе го најде одговорот во дадениот рок.

Се вратил во своето кралство и почнал да ги испитува сите: принцезата, домаќинките, проститутките, учените луѓе и многу луѓе од кои мислел дека би можел да добие некаков одговор. Повеќето луѓе му предложиле да побара совет од една стара вештерка што само таа го знае одговорот. Цената ќе биде висока затоа што била позната низ кралството по прекумерните суми што ги наплаќала.

Се наближувале последните денови од годината и Артур немал друга алтернатива освен да разговара со вештерката. Таа се согласила да му даде одговор, секако по цената што си ја побарала за возврат.

Старата вештерка сакала да се омажи за Гавин, најплеменитиот од витезите на тркалезната маса и најблискиот пријател на Артур. Од ова Артур бил ужаснат и останал без зборови. Таа била најгрдото суштество, грбава, само со еден заб и многу смрдела. Одбил на сила да го натера својот пријател да се ожени со неа и да поднесе таков товар.

Гавин, откако дознал за предлогот зборувал со Артур. Му рекол дека ништо не би било голема жртва во споредба со животот на Артур и зачувувањето на Тркалезната маса и кралството. Откако венчавката била најавена, вештерката одговорила на прашањето на Артур: ТОА ШТО НАВИСТИНА ГО САКААТ ЖЕНИТЕ Е ДА УПРАВУВААТ СО СОПСТВЕНИОТ ЖИВОТ.

Сите веднаш знаеле дека вештерката ја зборувала вистината и дека животот на Артур ќе биде спасен. Така и било. Монархот од соседството го помилувал и му дал целосна слобода. Гавин и вештерката имале незаборавна свадба. Артур бил растргнат помеѓу олеснувањето и болката која му ја причинил на Гавин. Гавин бил пристоен како и секогаш, племенит и учтив. Старата вештерка се однесувала најлошо што можела. Јадела со раце, ждригала и правела се за да им биде непријатно на гостите.

Дошло времето и за првата брачна ноќ. Гавин, спремајќи се за најужасната вечер во неговиот живот влегол во спалната соба. Каква само глетка го чекала! Најубавата жена што ја видел во својот живот лежела пред него. Гавин вчудоневиден запрашал што се случило. Убавицата му одговорила дека само затоа што бил љубезен спрема неа (додека била вештерка) половина од денот таа ќе биде ужасна и деформирана, а другата половина од денот ќе биде биде девојката што во моментот ја гледа. И на тоа, таа го праша Гавин: Каква би сакал да бидам преку ден и преку ноќ? – Колку сурово прашање. Гавин почнал да мисли на оваа незгоа.

Преку ден убава жена која ќе го придружува во јавноста, но преку ноќ во приватноста ќе биде грда и стара вештерка. Или пак преку ден да биде вештерка но навечер прекрасна жена со која ќе ужива во незаборавни интимни моменти.

Племенитиот Гавин одговорл: ТИ САМА ОДЛУЧИ!

– Кога го слушнала ова, таа рекла дека ќе биде убава засекогаш, затоа што тој ја почитувал со тоа што и дозволил да управува со својот живот и да одлучува за себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *