Фенг Шуи: Кои се тие предмети во домот што ви ја крадат енергијата?

30 септември, 20140

Чувствувате немир и недостаток од хармонија во сопствениот дом? Фенг-Шуи познавачите имаат нешто да ви препорачаат.

Имено, ни самите не сме свесни дека одредени предмети и нивната позиција во домот , всушност ја цицаат целата наша позитивна енергија и го исполнуваат домот со лош амбиент. Следуваат 7 совети кои можат да ја подобрат општата благосостојба во семејството и домот:

 1. Нечистата облека во аголот на собата

Ова е една од првите нешта за кои Фенг-Шуи познавачите предупредуваат. Можеби е најлесно само да ја фрлите нечистата облека на подот во ќошот, но тоа е и точка во која се одлива позитивната енергија од домот. Подобро е да се има посебна корпа за облеката за перење, и тоа во дворот, по можност.

 2. Чевли пред вратата

Сеедно дали се наредени пред куќната врата или пред спалната или некоја од собите, чевлите се вистински „енергетски вампири“, особено ако се нечисти.

 3. Стари весници, списанија, хартии и книги

Познавачите на Фенг-Шуи препорачуваат весниците да ги фрлите штом ги прочитате. Ако сте колекционер на списанија или книги, чувајте ги на полици, а не по подот или во ќошот на собата. Кога се расфрлени по просторот, овие предмети носат лоша енергија.

 4. Пукнати или оштетени чинии, садови и чаши

Скршените садови носат лоша енергија за оној кој ги користи. Подобро е да купите ефтин, ама нов комплет, отколку да го користите скапиот ама оштетен што го чувате во плакарот. Според упатените, штетените садови можат да се одразат на кариерата или финансиите.

 5. Празни тегли ориз, сол и шеќер

Секому му се случува да остане без залихи од најнеопходните намирници, но Фенг-Шуи учителите советуваат дека никогаш не треба да допуштите теглите со ориз, сол и шеќер да останат потполно празни. Полиците со празни тегли во кујната влијаат на среќата и хармонијата во семејството.

 6. Софа или кревет под дрвена греда

Дрвените греди се еден од омилените дизајнерски елементи кои често ги гледаме по домовите. Но, софата или креветот под гредата значи дека „отровни стрели со негативна енергија“ се насочени кон вас.

 7. Скромни порции за гостите

Кога служите храна на гостите или домашните, погрижете се секој член да има храна повеќе од доволно. Ова особено важи за оризот, чиј недостаток, по Фенг-Шуи правилата, значи недостаток на благосостојба. Ако ви остане храна, дајте ја на куќните миленици или сочувајте ја и однесете им ја на луѓето кои се гладни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi