Колку и да се трудиш, не можеш секого да задоволиш…

22 април, 20140
12

Луѓето едноставно се такви какви што се. И совршен да бидеш, повторно ќе ти најдат некој недостаток. Но затоа нивното мислење не треба да ви прави голем впечаток…Ова приказна ќе ви покаже дека никој не ја цени дури и генијалноста…

Месарот доста се изненадил кога видел дека куче му влегува во месарата, па го избркал. Но, подоцна, кучето повторно влегло.

Му пришол на кучето да види што имал во устата, кога нашол ливче на кое пишувало: „Ако може шест колбаси и јагнешки бут, ве молам… кучето има пари во устата.“

Месарот погледнал и навистина имало 10 долари во устата. Ги земал парите, спакувал сè во кеса, го ставил и кусурот и повторно кесата ја закачил на устата на кучето.

Оваа случка толку го одушевила што одлучил да го затвори дуќанот и да тргне по кучето.

Кучето тргнало по улицата, стигнало на пешачки премин каде што стрпливо чекало зелено светло пред да помине. Месарот по него ја преминал улицата.

Стигнале до автобуската станица, кога кучето го побарало својот автобус во возниот ред. Месарот зачуден, застанал до него и го почекале автобусот. Кога стигнал, кучето се качило и седнало на едно седиште.

Се префрлило кучето и во друг автобус, го пронашло и таму своето седиште и стрпливо чекало да пристигне. Кога конечно дошло време да се симне, со ќесата во уста продолжило да си оди по својот пат, а месарот со неверување, но позитивно изненаден продолжил да го следи.

Одеднаш, кучето стигнува до една куќа, стигнува до вратата, ја остава ќесата на прагот, се залетува и се удира со целата сила во вратата. Уште еднаш земало уште поголем залет и се затрчало кон вратата.

Од куќата никој не одговарал.

Кучето се вратило, ја прескокнало оградата, стигнало до прозорот, удрило со главата неколку пати, а потоа се вратило до влезната врата.

На вратата се појавил еден човек, ја земал ќесата од прагот, а потоа почнал да му вика и да го шутира кучето.

Месарот по малку вознемирен: „Што ви е, зошто го шутирате кога кучето е гениј? Ако мене ме прашувате, би го земал и би настапувал со него на телевизија!“

Човекот: „Ова гениј? Ма ајде… Ова му е веќе втор пат оваа недела да ги заборави клучевите!“

Вреди ли да се трудиме да импресионираме некого? Некои луѓе секогаш ќе бидат слепи за твојата убавина, за твојата добрина, за твоите доблести…Токму тие луѓе не ти требаат во животот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *