Не судете, не одете толку предалеку! Кој знае што е срeќа, а што несреќа

1 август, 20140
7

Во едно село во Кина живеел еден многу сиромашен старец, но дури и царевите му завидувале бидејќи имал еден многу убав бел коњ. Му нуделе многу пари за да го продаде коњот,но тој секогаш одговарал: “Овој коњ ми е пријател, како може да се продаде пријател?“ Иако бил сиромашен, никогаш не го продал коњот. Едно утро открил дека коњот не е во шталата.Набрзо, се собрале многу луѓе од селото, и му рекле: “Ти, неразумен старецу,знаевме дека еден ден ќе ти го украдат коњот.Ќе беше подобро да го продадеше.Каква несреќа!“ старецот одговорил:“Не одите толку далеку зборејќи така. Едноставно речете дека коњот не е во шаталата. Ова е факт, а се друго е суд.Којзнае што е среќа, а што несреќа,кога не знаеме што следува?“ Луѓето му се смееле на старецот и рекле дека е помалку луд. Меѓутоа,една ноќ, по петнаесеттина дена,коњот, изненадно се вратил. Не го украле, туку побегнал во дивината.Но не се вратил сам. со него донел уште два диви коња.Луѓето повторно се собрале и рекле:“Старче, ти навистина беше во право.Ова не било несреќа, туку се покажа дека е среќа.“ Старецот одговорил: “Повторно одите предалеку,кажете дека коњот се вратил.Кој знае што е среќа ,а што несреќа? Тоа е само дел од приказна. Како може да судите за целата книга читајќи само една реченица?“ Овој пат луѓето не рекле ништо, но во себе си мислеле дека греши. старецот имал син единец кој почнал да ги дресира дивите коњи. Само еден ден откако ги дресирал, паднал од едниот коњ, и си ги скршил двете нозе.Луѓето повторно се собрале и рекле:“Каква несреќа, твојот син не може да се потпре на двете нозе, а ти беше единствена поддршка во староста, сега си посиромашен од кога и да е.“ Старецот одговорил:“Вие непрестано судите,не одите толку далеку. Кажете дека син ми си ги скрши нозете. Кој знае што е среќа, а што несреќа. Животот доаѓа во делови, и повеќе од тоа не ни е дадено.“ По неколку недели, нивната земја влегла во војна, па сите млади момчиња од тоа место биле регрутирани.Само синот на старецот не бил, бидејќи бил онеспособен.Цело село плачело и тажело, бидејќи земјата ја губела војната, и знаеле дека многу од момчињата нема да се вратат.Отишле кај старецот и му рекле:“Беше во право,старче.Се покажа дека тоа беше среќа. Може твојот син е болен, но барем е секогаш со тебе, а нашите синови засекогаш се изгубени. “ Старецот им одговорил:“Вие пак судите, речете дека вашите синови се во војната, а мојот не е .Само Бог кој се знае од почеток до крај, знае дали тоа е среќа или несреќа.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi