Поучна приказна: Осумте лаги на мојата мајка

27 ноември, 20140
7

Мојата мајка не ја зборуваше секогаш вистината. Ме излажа осум пати во важни животни моменти…

Приказната почнува со моето раѓање. Роден сум како син единец во сиромашно семејство. Сиромашно до таа мера што немавме доволно храна, па камоли нешто повеќе.мајка ми подготвуваше скромен оброк и секогаш дел од нејзината чинија префрлаше во мојата велејќи: Јади сине, јас не сум гладна!

Тоа беше нејзината прва лага

Кога малку пораснав, мајка ми после завршувањето на домашните обврски ќе отидеше до реката надевајќи дека ќе улови некоја риба за мене, за да се хранам здраво и да се развивам како останатите деца. Во една прилика успеа да улови две риби. Ги подготви и ги стави во мојата чинија. Јас ја јадев рибата, а мајка му ги јадеше ситните остатоци залепени на коските. Гледајќи го та срцето ми затрепери и втората риба ја ставив пред мајка ми, а таа ми одговори: Сине изеди ја ти и другата, знаеш дека со сила јадам риба!

Ова беше втората лага…

Дојде ден да тргнам во училиште. Бидејќи немавме доволно пари, мајка ми се понуди да продава облека одејќи од куќа до куќа. Една студена и дождлива ноќ се задржа на работа. Се загрижив и излегов да ја барам. Ја видов како носи торба на грб и оди од куќа до куќа за да ја понуди робата. И реков, ајде мајко, одиме дома, доцна е и студено. Ќе продолжиш утре. Таа се насмевна и ми рече: Сине мој, не сум уморна!

Ова беше нејзината трета лага…

Дојде ден кога се полагаа школските испити. Иако беше премногу жешко, мајка ми сакаше да дојде со мене во училиште. Влегов внатре,а таа ме чекаше во школскиот двор. Кога завршив со испитите, излегов во дворот, а мајка ми ме дочека со топла мајчинска прегратка, полна љубов и милост. Во рацете држеше ладен сок кој го купила за мене. Кога почнав да пијам, ја погледнав и видов крупни капки пот како течат низ нејзиното лице. И го подадов шишето и и реков: Пиј мајко, а таа одговори: Не сине, напиј се, не сум јас жедна.

Ова беше нејзината четврта лага….

После смртта на мојот татко, мојата мајка живееше тежок живот како вдовица. Ја презеде целата одговорност за куќата, едноставно мораше да се грижи за се. Животот стана уште потежок, а ние често гладувавме. До нашата куќа беше куќата на мојот вујко. Многу добар човек. Често ни помагаше. Кога соседите видоа како ситуацијата станува неподнослива ја советуваа мајка ми да се премажи за еден богат човек кој би ни помогнал во животот. Меѓутоа мајка ми го одби советот со зборовите: Јас немам потреба за љубов.

Тоа беше петтата лага…

После завршувањето на факултетот добив добро платена работа и одлучија јас да се грижам за куќата. Со оглед на тоа дека здравјето на мојата мајка се влоши, и не можеше повеќе да продава облека по куќите на богатите луѓе, почна да продава зеленчук на пазар. Кога одби да престане да работи, издвоив дел од својата плата за да и дадам, а таа ме одби велејќи: Чувај ги сине твоите пари, јас имам доволно за себе.

Тоа беше шесттата лага на мојата мајка…

Без разлика што работев, успеав наскоро и да магистрирам. Постигнав успех и моите приходи се зголемија. Ми понудија работа во Германија. Се израдував и почнав да сонувам за нов и среќен живот…Откако заминав и се средив, ја повикав мајка ми да живее кај мене. Таа не сакаше да ми пречи и рече: Сине, не сум јас навикната на таков живот.

Тоа беше нејзината седма лага…

Како што времето одминуваше, мајка ми старееше и еден ден дознав дека има карцином. Во тешките моменти некој мораше да и помага. Што можев да направам кога помеѓу мене и мојата сакана мајка имаше многу држави? Но остави се и се вратив дома. Мајка ми ја затекнав во постела. Кога ме погледна се обиде да се насмевне. Срцето ми се кинеше гледајќи ја така уморна и слаба. Тоа не беше мојата мајка што ја познавав… Солзи ми течеа по лицето, но таа и тогаш сакаше да ме утеши велејќи. Сине, не плачи, јас не чувствувам болка.

Ова беше нејзината последна лага…

Откако го изговори тоа, ги затвори очите и никогаш повеќе не ги отвори. Секој кој ужива во среќата да има живи родители им порачувам: Чувај ја оваа благодет пред да дојде денто да тагуваш што повеќе ја немаш.

На секој што ја изгубил својата сакана мајка му порачувам: Секогаш да се сеќава…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *