Погледнете ја видео – приказната која ќе ве воодушеви

1 октомври, 20140
Погледнете ја видео – приказната која ќе ве воодушеви

Пред дваесетина години, во 1986 година група деца од Ко Пани, мал рибарски остров на брегот на Малезија, обожавале да гледаат фудбал.

Силно посакувале да можат и тие да бидат како фудбалерите кои ги гледаат на телевизија. Но, нивниот остров е толку мал што едвај се разминуваат луѓето, а не пак да има место фудбал да играат. Единствениот спорт кој можеле да го практикуваат е трка со чамци или риболов.

Сепак, нивниот сон бил да играат фудбал. Еден ден, едно од децата дошло до оригинална идеја. Предложило да направат пловен терен, како платформа над водата на која ќе играат фудбал и никому нема да пречат.

Кога им соопштиле на возрасните дека ќе играат фудбал и ќе станат шампиони, тие им се изнасмеале.

Но детскиот дух, силната желба, надежта и упорноста се клучни што не се откажале и успеале да го направат импровизираниот терен.

Сепак, тука не се решава нивниот проблем, бидејќи теренот не е заграден и топката постојано им паѓа во вода, па тие влегуваат за да ја земат и така постојано играат мокри и на нестабилна подлога која постојано се движи по водата.

Еден ден дознале за шампионат кој се случува во близина и решиле да се пријават иако многу се плашеле.

Со оглед на тоа што таму играле на вистински терен со тревна подлога, на почетокот им било малку тешко, но имале одлично извежбани вештини.

Во второто полувреме кога почнало да врне и теренот бил целосно поплавен, речиси како нивниот на кој вежбале тогаш вистински дошле до израз и се покажале како највешти.

Токму сите пречки и проблеми кои ги имале додека вежбале ги направиле посилни, а им овозможиле и способност и трикови кои другите ги немале.

Иако, само за 1 гол не успеале да го освојат првото место, биле пресреќни и со второто. Паричната награда која ја добиле ја искористиле за да направат поубав и помодерен терен на островот каде што живеат и каде што инспирирале уште многу деца и возрасни за да веруваат, да вежбаат и никогаш да не се откажуваат од своите соништа.

Погледнете ја видео – приказната која ќе ве воодушеви:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi