Постои ли воопшто цена која може да те дефинира?

24 април, 20140
4

Еј ти! Да, ти читателу. Те молам одговори си на едно прашање. Колку вредиш?
Ајде биди искрен. Никој нема да те чуе. Само ти. Пред себе си биди отворен, нема причина да не бидеш брутално искрен. Колку вредиш?
Нема цена велиш, или се чувствуваш како ништо?
Ајде јас да ти кажам нешто. Сите ние, луѓето, вредиме многу, навистина многу. Но не секој се продава скапо. Некои од нас одамна оставиле другите да го дефинираат и да им лепат етикети со цена. Оставиле да ги обезвреднат со критика, хејт, закана со прст, всадување на страв…
А сега погледни се во огледало и кажи искрено – навистина ли заслужуваш да те третираат како стока со поминат рок на трајност? Не, не заслужуваш. И кога ќе сватиш, се во твојот живот ќе се смени…
“ Двајца морнари патувале низ светот. Стигнале до еден остров населен од племе. Главатарот имал две ќерки. Поголемата убавица, помалата ништо посебно.
Мислам дека тука ја најдов својата среќа. Ќе останам и ќе се оженам со ќерката на главатарот – рекол едниот морнар.
Да, веројатно постапуваш правилно, големата ќерка е многу убава и паметна. Ожени се со неа и биди среќен.
Ти не ме разбираш. Сакам да ја земам помалата.
Луд да не си? Па таа во споредба со сестра и ништо не вреди!
Така одлучив – рекол првиот. Другиот само одмавнал со раката и заминал од островот. Оној што останал отишол кај главатарот и ја побарал раката на неговата ќерка. Во племето постоело традиција да ја откупиш со крави идната сопруга. Највисоката цена за невеста била 10 крави.
Купил морнарот 10 крави, и ги донесол пред старешината на племето.
Ја барам раката на твојата ќерка и ти нудам за неа 10 крави!
Тоа е добар избор. Мојата голема ќерка ја заслужува таа цена. Се согласувам и го имаш мојот благослов – одговорил главатарот.
Не, не ме разбираш, ја сакам помалата!
Се шегуваш? Не си ја видел како изгледа? Јас дури се плашам дека воопшто некогаш ќе ја омажам! – не верувал на она што го слушнал главатарот.
Ја сакам неа! – продолжил морнарот.
Добро но бидејќи сум чесен човек ќе земам за неа само 3 крави. Таа не вреди повеќе – предложил главатарот.
Дозволи ми да си платам за неа 10 крави! – рекол морнарот, а таткото на девојката на крај се согласил.
Направиле свадба. Поминале неколку години и пријателот на морнарот решил да го посети стариот пријател на островот. Штом стапил на брегот забележал преубава жена. стигнал до домот на пријателот, а околу него трчале дечиња.
Гледам дека си ја запознал жена ми!
Жена ти? Зарем се прежени?
Не, тоа е мојата избраничка, помалата ќерка на главатарот.
Но што се случило, како станала толку убава?
Прашај ја сам – се насмевнал морнарот.
Гостинот се обратил кон жената:
Прости ми за мојата нетактичност, но се сеќавам како изгледаше, кога прв пат те видов. Како стана ваква убавица?
Многу едноставно! Сватив дека вредам 10 крави!
Сваќате ли пријатели? Не дозволувајте никој да ви каже колку вредите! Не се помирувајте со ниската цена, се додека не ги најдете луѓето кои ќе ве инспирираат да го сакате она што сте, и да не престанувате да го развивате…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi