Поучна приказна: Чувствата или разумот?
26 април, 20141
Сигурно и вие сте се нашле во дилема кога сте биле поставени пред изборот: Чувства или разум? Што би избрале вие? Дали на едното би требало да му дадеме предност? Еве една приказна што ќе ви покаже како е правилно…
Еднаш прашале еден мудар старец :
-,, На што треба да се потпираме во животот на чувствата или на разумот ?”
На тоа старецот одговорил :
-,, Постојат чувства во разумот ама и разум во чувствата “.
Тогаш повторно го прашале :
-,,Е па тогаш што е подобро чувства во разумот или разум во чувствата? ”
И тогаш тој на тоа им рекол :
-,, Кое крило на птицата е подобро десното или левото ?”
One comment
Nikola
11 октомври, 2014 at 13:28
cuvstvata ne mozat bez razumot, kako i razumot bez cuvstvata. tie se zavisni edno od drugo.