Поучна приказна: И доброто и злото се враќаат кај оној што ги пратил!

26 декември, 20140
15

Можеби понекогаш ви изгледа дека во овој свет нема правда! Но ако ја погледнете целата слика ќе сватите дека се што правите во животот ќе ви се врати како бумеранг. Можеби не денес, можеби не утре, но Божјата правда е еднаква за сите нас! И доброто и злото еден ден ќе се вратат кај оној што ги пратил, без исклучок! Еве една поучна приказна која го докажува нашето мислење, прочитајте:

“Возејќи накај дома, Том Андерсон забележал постара госпоѓа која стоела на дождот, чекајќи некој да ѝ помогне.
Том веднаш застанал и се упатил кон неа. Забележал дека ѝ се дупнала гумата на автомобилот, а старицата не можела сама да ја смени.
Ѝ понудил помош и веднаш се фатил за работа.

Во почетокот госпоѓата била загрижена. Размислувала за тоа колку долго стоела на патот, а никој не застанал да ѝ помогне, а овој човек кој изгледа скромно и сиромашно можеби само сака да ја ограби.
Том ја сменил гумата и ѝ посакал добар пат.

Госпоѓата му била многу благодарна и запрашала колку треба да му плати, за да му се оддолжи за помошта.
„Јас не го направив ова за пари. И јас сум бил во ситуации кога ми била потребна помош, и секогаш некој ми подал рака. Сетете се на мене секогаш кога некому ќе му биде потребна вашата помош и несебично помагајте. Тоа ќе биде најголемата награда за мене” – ѝ одговорил Том.

Госпоѓата влегла во автомобилот и продолжила накај дома. Изминала неколку километри, па застанала во едно мало ресторанче покрај патот за малку да се одмори.

Келнерката љубезно ја услужила, ѝ донела крпа за да ја исуши мократа коса и постојано ѝ посветувала внимание. Госпоѓата била и повеќе од изненадена. Се прашувала од каде наоѓа сила оваа млада девојка која веќе е во поодмината бременост да биде толку работлива и љубезна. По изгледот на келнерката можела да заклучи дека е многу сиромашна, па никако не можела да разбери како некој кој има толку малку, може на странец да му даде толку многу.

И тогаш се сетила на Том Андерсон. Го завршила ручекот, ѝ дала на келнерката 100 долари и веднаш заминала без да чека да ѝ врати дел од парите.

Кога келнерката се вратила со остатокот од парите, на масата пронашла парче хартија на кое пишувало: „Не ми должиш ништо. И јас еднаш бев во ситуација кога ми требаше помош. Ако сакаш да ми се оддолжиш, не дозволувај овој синџир на доброто и љубовта да заврши со тебе. Помагај секогаш кога можеш”.
До пораката имало уште 400 долари.

Кога вечерта се вратила дома и легнала до својот сопруг, келнерката не била загрижена. Со парите од добрата госпоѓа можела да купи сè што ѝ било потребно за бебето. „Сè ќе биде во ред, драг мој” – му рекла на својот сопруг – „Многу те сакам, мој Том Андерсон”.

Добрината секогаш се враќа со добрина. Да се биде алка во синџирот на љубовта значи несебично да се помага, без скриени намери, без очекувања и награди.
Подадете рака и станете дел од синџирот на добрината.
Така, кога најмалку очекувате, а најмногу ви е потребно, секогаш ќе се најде некој кој вам ќе ви подаде рака.

Истото се однесува и за сејачите на злото! Не дозволувајте да бидете дел од тој синџир. Крајот не тие луѓе не мириса на добро…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi