Поучна приказна: Не си играјте со вашата судбина!

9 април, 20140
6

Кога некоја кралица одбирала кочијаш за својата кочија, нејзините слуги пред неа довеле тројца кандидати. Секој од нив бил познат како одличен кочијаш, но таа го сакала најдобриот од нив, па затоа на сите тројца им поставила по едно прашање.
– Колку си добар додека возиш? – го прашала првиот кочијаш.
– Ваше Височество! За мене се знае дека можам да возам по најтесниот планински пат и тоа цело време со една иста брзина.
– А каков кочијаш си ти? – го прашала кралицата вториот кочијаш.
– За мене е познато дека сум повешт и подобар кочијаш Ваше Височество! Со многу голема леснотија можам да возам по рабовите на провалии, а кочијата во ниеден момент нема да излезе од патот.
– А ти? – го прашала кралицата третиот и последен кочијаш, каков кочијаш си ти?
Последниот кочијаш одговорил:
– Ваше Височество! Јас секогаш возам колку што можам подалеку од провалии …

Што мислите, кој кочијаш го одбрала кралицата како свој возач за далечните патувања?

Поука:
Не си играјте со вашата судбина и не ризикувајте кога не се бара тоа од вас!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *