Поучна приказна: Никогаш не заборавај кој си и од каде доаѓаш!

27 декември, 20140
01

Приказната што денес ќе ја прочитате е многу кратка, но затоа пак многу поучна. Кој од вас во животот не сретнал неблагодарни луѓе? Луѓе кои откако ќе им тргне на добро, ве забораваат како никогаш да не сте постоеле? Луѓе на кои сте им дале се и ве изиграле? Ви го свртеле грбот? Е за тие луѓе е ова приказна…

Една слепа девојка била многу тажна бидејќи не можела да го види светот, а единствена радост ѝ била љубовта на нејзиното момче кое постојано било со неа.

Девојката му рекла дека кога би можела само за миг да го види светот, веднаш би се омажила за него.

Еден ден, некој ѝ подарил очи, па девојката прогледала.

Го видела светот, а потоа и своето момче. Кога видела дека момчето е слепо, одбила да се омажи за него.

Момчето ѝ оставило кратка порака за збогум во која пишувало само: „Добро грижи се за моите очи, драга моја”.

Малкумина од нас имаат доблест да останат свои и да не заборават кој бил покрај нив во најтешките мигови.

Останатите забораваат, па кога животот ќе им тргне на добро, се менуваат и не погледнуваат зад себе.

Не заборавајте кои сте и од каде доаѓате, зошто животот е тркало и никогаш не се знае каде ќе застане.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi