Поучна приказна: Важноста на зборовите “те сакам“

28 јули, 20140
7

Ова е приказна која веќе некое време кружи низ интернет. За љубовта и на која начин таа може да се даде. Времето стана пари и често поради тоа не стигнуваме на сите кои ги сакаме да им покажеме колку ни значат во нашите животи. Прочитајте!

По 21 година од нашиот брак мојата сопруга посака да излезам со друга жена на вечера и во кино! Ми рече “Те сакам, но знам дека и оваа жена те сака и можеби повеќе од мене и дека со задоволство би поминала време со тебе.

Таа друга жена која мојата сопруга сакаше да ја поканам на вечера и во кино беше мојата мајка. Беше вдовица веќе 19 години. Сепак поради премногу обврски и моите три деца, не бев во можност да ја гледам многу често. Ја послушав мојата сопруга и истата вечер и се јавив на мајка ми  и ја поканив да излеземе на вечера, па потоа во кино.

“Што не е во ред сине, добро ли си?!”, ми возврати со прашањето.

Тој петок откако завршив со работа, тргнав кај неа дома. Бев многу нервозен. Кога стигнав пред куќата приметив дека и таа беше нервозна поради нашето излегување. Имаше убава фризура и носеше фустан кој веќе еднаш го носеше на една годишнина од бракот. Имаше широка насмевка која зрачеше со ангелски сјај. “Им кажав на моите пријателки дека ќе излезам со мојот син и сите беа импресионирани. Со нетрпение чекаат да им раскажам како било” рече во еден здив.

Излеговме во еден прекрасен ресторан, не премногу елегантен, но со прекрасен амбиент. Додека влегувавме, мајка ми ме фати под рака. Седнавме и јас почнав да го читам менито (таа, бидејќи не гледаше добро, можеше да чита само големи букви). Читајќи, ја подигнав главата и видов дека мајка ми ме гледа. Носталгична насмевка и се појави на усните. “ Ееее, а некогаш јас тебе ти го читав менито кога беше малечок”, рече. “Добро, тогаш време е да се опуштиш и да ти ја вратам услугата мајко” и одговорив. За време на вечерата водевме сосема обичен разговор. И толку многу се занесовме во разговорот, што заборавивме на филмот.

Вечерта, кога ја однесов дома ми рече: “Ќе излеземе повторно, но само под услов јас тебе да те однесам на вечера”. Се сложив.

“Како помина”? Ме праша сопругата кога се вратив дома. “Многу, многу убаво. Многу подобро отколку што очекував” и одговорив.

Неколку дена подоцна, мојата мајка почина од срцев удар. Се се случи неочекувано и немав можност да и помогнам. По одредено време, добив едно писмо со признаница од ресторанот во кој бевеме на вечера со мојата мајка. Внатре имаше напишано: “Ја платив оваа сметка пред време. Не бев сигурна дали ќе бидам присутна, но сеедно, платив вечера за двајца…за тебе и твојата сопруга. НИКОГАШ НЕМА ДА ЗНАЕШ КОЛКУ МИ ЗНАЧЕШЕ ОНАА ВЕЧЕР. ТЕ САКАМ, СИНЕ!

Во тој миг конечно ја сватив важноста на зборовите: “ТЕ САКАМ”. И важноста на времето кое го одвојуваме за оние што ги сакаме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi