Поучни мисли на генијалниот писател Ернест Хемингвеј

23 јули, 20140
14

Писателот со авантуристички дух, Ернест Хемингвеј, добитник на Пулицерова награда за романот “Старецот и морето“ 1953 и Нобелова награда за книжевност година подоцна, на вчерашна дата би го славел својот роденден.
Хемингвеј во наследство ни оставил многу поучни мисли за животот, љубовта, успехот…Еве некои од највпечатливите.
1. На човек му се потребни околу 2 години да научи да зборува и околу 50 да научи да молчи.
2. Грдите жени стареат побрзо од убавите – тие преминуваат од сенка во темница.
3. Колку писателот е подобар, толку помалку зборува за она што го напишал.
4. Човекот не е создаден да биде победен. Можат да го уништат, но не можат да го поразат.
5. Секогаш можеш да пишуваш ако луѓето не ти сметаат и те остават насамо. Но сепак, најдобро се пишува кога си вљубен.
6. За повеќето мажи војната е највеличенствениот момент во животот. Војната е замена за нивната креативност.
7. Идеалист е човекот кој знае дека розата поубаво мириса од морковот, па според тоа заклучува дека супа од рози би била повкусна од супа со моркови.
8. Луѓето кои немаат со што да се пофалат, се фалат со својата несреќа.
9. Сите наши зборови поради напразна употреба ја изгубија оштрината.
10. Кога луѓето се согласуваат со мене, секогаш имам чувство дека нешто сум погрешил.
11. Човек мора да биде вљубен во една жена, за да создаде основа за пријателство.
12. Младоста ја имаме за да правиме глупости, а староста за да жалиме за сите тие глупости.
13. За моралот го знам само ова, дека морално е она после кое добро се чувствувате, а неморално она после што се чувствувате лошо.
14. Можат да се обидуваат да не понижуваат, но не можат да не понижат.
15. Среќата кај интелигентен човек е нешто што многу ретко се гледа.
16. Продолжи да пловиш по твојот пат и биди подготвен кога ќе удри часовникот.
17. Чувај ја главата бистра и поднесувај ги маките на начин достоен за еден човек.
18. Мораме да знаеме дека на најважните раскрсници не секогаш има знаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi