Проверете кои ви се потсвесно приоритетите во животот и љубовта

20 август, 20140
7

Проверете кои ви се потсвесно приоритетите во животот и љубовта преку оценување на личностите од една приказна.

 

Една девојка оди покрај река. На другата страна од реката здогледува момче во кое се заљубува на прв поглед. Се обидува да го повика, но безуспешно. Не знае да плива, па невозможно е сама да ја премине реката. Мост нема во близина, единствено што знае е тоа дека по секоја цена мора да дојде до тоа момче.

Ненадејно наидува човек со чамец, му приоѓа и му ја објаснува ситуацијата, му ги нуди сите пари што ги има, но добива друг одговор:

„Ќе те превезам, но парите не ме интересираат. Ако спиеш со мене брзо ќе дојдеш до момчето кое ти се допаѓа“.

Очајната девојка се налутила и заминала. Продолжила да оди по брегот разочарана, кога наишла на еден старец. Кога ја прашал зошто плаче, му објаснила што се случило. На крајот го прашала за совет, дали да спие со човекот од чамецот за да дојде до саканиот?

„Драга девојко, тоа мораш сама да го одлучиш“ – ѝ одговорил старецот.

Таа продолжила да оди и да размислува, но брзо донела одлука. Се вратила и прифатила да спие со човекот од чамецот и набрзо се нашла на другиот брег кај момчето во кое се заљубила.

„Видов што направи, те мразам!“ – извикало момчето и заминало.

Во тој момент девојката паднала на земја и почнала да плаче. Тогаш од шумата дошло друго момче. Воодушевено ја гледало и ѝ рекло:

„Видов сè, од почеток до крај. Омажи се за мене!“

Откако ја прочитавте приказната оценетe ги сите 5 личности од 1 до 5 според она која личност ја сметате за најпозитивна до онаа која ја сметате за негативна. Оценките не смеат да се повторуваат!

Девојката

Момчето во кое е заљубена

Човекот со чамецот

Старецот

Момчето кое ја бара за жена

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

Сега погледнете секој лик од приказната која карактеристика ја претставува, па според тоа може да забележите како се подредени вашите приоритети во животот и љубовта:

Девојката – љубов и страст

Момчето во кое се заљубува – љубомора, себичност

Човекот со чамецот – материјални вредности, егоизам

Старецот – животна мудрост, мир

Момчето кое ја бара за жена – секс

Кои се вашите приоритети?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi