Сакајте се: Самодовербата се учи, еве како

28 октомври, 20140
13

Околу 80% од возрасните посакуваат да имаат повеќе самодоверба, вели едно истражување. Ако спаѓате во нив, овие совети добро ќе ви дојдат…

Кога имате самодоверба, се чувствувате поспособно и позитивно делувате на луѓето кои ве опкружуваат. Секогаш може да работиме на себе, без оглед на тоа колку сме задоволни, а Georgina Elliott, експерт и советник за самодоверба, ни даде девет напатствија, кои можат да ви бидат одлични насоки.

Игнорирајте ги критичарите

Ако сте окружени со луѓе, кои во главно се занимаваат со негативни мисли и секогаш се нерасположени, па таквото расположение го префрлаат на вас. Оттргнете се од нив и свртете се кон луѓето кои имаат повеќе позитивни мисли.

Патувајте

Обидете се да се организирате и да посетите некое место кое до сега не сте го виделе. Тоа не мора да биде долг пат. Нашата земја е една од ретките кои располага со божествени природни убави, а топлото време кончно го мовозможува тоа.

Не се споредувајте со другите

Еден од најголемите непријатели на саљмодовербата е споредувањето со другите. Оставете ги другите и нивните животи и целосно посветете се на себе.

Време за себе

Самодовербата има корени во чувствата кои ги имате за себе. Искористете ги ретките моменти кога сте сами за да размислите за тоа што го сакате, за тоа што ве мачи или она што би требало да го промените за да се чувствувате подобро.

Држете до својот изглед

Како што изгледате – така ќе се чувствувате. Без оглед на околностите, потрудете се да држите до својот изглед, затоа што тој е мнгу делува на нашето расположение и самодоверба, без  оглед на тоа што нја сметаме внатрешната убавина за многу важна.

Проширете ги хоризонтите

Учете нови работи; не е важно дали ќе учите нов јазик или некој друг курс. Со секое следно искуство, расте и вашата самодоверба, затоа што секогаш ќе имате тема повеќе за разговор во било кое друштво.

Опуштете се

Околу 90% од работите кои не загрижуваат во животот, најчесто никогаш не се случуваат. Затоа престанете да се грижите и дозволете си повеќе релаксираност. Со тек на време ќе видите дека располагате со повеќе самодоверба.

Движете се

Ако вежбате активно, во телото се ослободуваат ендорфини, а тоа значи дека ќе се чувствувате одлично. Одберете било мкаква активност, од боди билдинг, тчак, трчање, па се до пилатес или јога. Најважното е да се движите.

Оставете го минатото зад себе

Немојте да си ставате камен околу вратот поради лошите постапки или избори од минатото. Што било – било. Сконцентрирајте се на сегашноста и радувајте се на иднината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi