Среќата не е недостижна: Ослободете се од 9те кочници и ваша е!

3 јули, 20140
5

Луѓето по природа се послушни ако им се истакнат негативните работи. Одлучивме да ја искористиме моќта на негативниот принцип и да образложиме неколку работи со кои би требало да престанете, ако сакате уште денес да почнете да живеете поквалитетен и посреќен живот.
Почнете да собирате спомени, а не предмети
Сите ние сакаме да бидеме добро облечени и да имаме 30 пара чевли. Но време е да сфатите дека најголемата среќа се крие во нематеријалните работи, моментите во кои сте виделе или доживеале нешто што ќе го паметите цел живот, а не до следната сезона.
Престанете да измислувате
Само кажете ја вистината – пред себе си и пред другите. Пред се со лагата ќе создадете лажен впечаток за себе и ќе изгубите претстава за тоа што е реално, и што не е, па затоа ќе се чувствувате лошо.
Престанете да проверувате Фејсбук додека сте со пријателите
Уживајте во секој момент додека сте со нив. Секоја порака или нотификација може да почека, додека за пријателите со тек на годините ќе имате се помалку време.
Престанете да се замарате со мислењето на другите
Ако нешто сме научиле, тогаш тоа е дека само еднаш се живее и дека најважно е тоа како вие се чувствувате. Ни другите не се замараат за тоа што вие мислите, ни пак ќе бараат ваше одобрување за некој свој потег. Зошто тогаш вие го перцепирате нивното мислење?
Признајте дека немате време за се
Сосема е во ред да признаете дека понекогаш губите контрола. Обидете се подобро да се организирате, но имајте на ум дека никој не е совршен. И да, најпосле признајте си дека некои луѓе едноставно не ви се потребни во животот. Наместо кафе со нив, вежбајте, тоа повеќе ќе ви користи.
Престанете да осудувате
Со други зборови, престанете да осудувате врз основа на првиот впечаток. Луѓето се многу повеќе од статус на Фејсбук или убав/помалку убав надворешен изглед. Некои би можеле и тоа како да ве изненадат.
Престанете премногу да анализирате
За некои животни ситуации навистина нема логично објаснување. Некој ќе не обожува и ќе биде со нас во секој слободен момнет, а потоа ќе не повреди и напушти, без објаснувбање. Опуштете се и дозволете таа нејаснотија да постои. И така тоа се само непроценливи услуги кои ни ги прават таквите луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi