Животот им се радува на храбрите и ги голта оние кои се плашат!

23 април, 20140

Човекот никогаш нема да открие нови океани, ако нема храброст да се оттргне од копното…Оваа поучна приказна ќе ви покаже што добивате со храброста, а што губите без неа…
Две зрнца семе од цвеќе, во пролет, лежеле едно до друго во плодна почва и разговарале:
Првото семе рекло:
„Сакам да растам! Сакам своите корени да ги пуштам длабоко во земјата под мене, своите мали и тенки стебленца да ги пуштам да растат над почвата која ме покрива. Сакам да ги развијам своите пупки и да го најавам доаѓањето на пролетта. На своите листови сакам да ја осетам топлината на сончевите зраци и убавината на утринската роса.”
Така и се случило.
Второто семе рекло:
„Се плашам. Ако ги пуштам своите корени длабоко во земјата под мене, не знам до каде ќе стигнам. Ако се пробијам низ почвата што е над мене, можам да ги оштетам моите кревки стебленца. Ако ги развијам моите пупки, некое животинче може да ги изеде. А што ако расцветам и некое дете ги скине моите цветови? Подобро е да чекам тука каде што сум, додека не се створат безбедни услови за мене. ”
И така второто зрнце чекало.
Една кокошка чепкајќи по земјата и барајќи храна, го изела зрнцето кое ги чекало идеалните услови за него.
Животот им се радува на храбрите и ги голта оние кои се плашат.
Затоа немојте да се плашите и бидете храбри во своите потези.
Потребно е повеќе храброст да се страда, отколку да се умре. – Наполеон Бонапарта

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *