До скриениот бисер во Индискиот океан се стига само со брод

7 ноември, 20140
12

Кога некој го замислува рајот, на памет прво ви доаѓаат белите песоци и кристално бистрата вода. Повеќето дестинации за одмор изгледаат прилично стандардно.

Но, сепак има скриен бисер во Индискиот океан, архипелаг од 1.190 острови на Малдивите кои го редефинираат зборот – рај. А, 20 минутно возење со чамец од аеродромот ќе ве донесе до Сонева Гили, каде 45 вили на вода ги дочекуваат гостите.

Луксузното одморалиште со пет ѕвезди ги има сите потребни работи кои ги поседува еден хотел, вклучувајќи спа центри, одлична вечера и водени спортови.

Но, она што го прави Сонева Гили да се истакне, на страна од неговата природна убавина, е одговорноста кон околината која ова одморалиште ја има, внимавајќи да не влијае негативно на еколошките влијанија или да го уништи екосистемот. Дури и изградбата на одморалиштето била завршена со користење на одржливи дрва и природни материјали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *