Хотел во Италија кој ќе ве остави без зборови

24 август, 20140
8
Италија важи за една од најубавите земји во светот и истата е најпосакувана дестинација за огромен број на туристи. Токму затоа, оваа земја изобилува со неверојатно уредени хотели, а еден од нив е и прекрасниот “The Santa Rosa” хотел.

 Хотелот “The Santa Rosa” е еден од најубавите хотели во прекрасната Италија. Како што и во самиот опис на овој неверојатен сместувачки капацитет, станува збор за хотел кој што е совршено место за престој, со екстремно богата историја и неверојатна топлина.

И самата местоположба на овој хотел го прави истиот неверојатно атрактивен. Така, издигнувајќи се на врвот од карпа, хотелот “The Santa Rosa” ги привлекува своите гости со одличната понуда, шарените бајковити градини во неколку нивоа, “бесконечниот базен” и погледот кон заливот Салерно кој остава без здив.

Хотелот “The Santa Rosa” се смета и за еден од само 39-те хотели во Италија кои што се изградени во замоци. Така, овој хотел во 1924 година бил сместен во градба која дотогаш претставувала манастир и истиот цели три генерации бил под водство на еден од најуспешните римски хотелиери, г-динот Маркучи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *