Луксузно, но скриено од љубопитните очи одморалиште
Ова луксузно, но скриено од љубопитните очи одморалиште, дизајнирано од страна на познатиот холандски дизајнер Едвард Ван Вилет нуди извонредни погледи на Индискиот Океан. Луксузниот хотел, отворен минатата година, е единственото одморалиште сместено во дивината и недопрениот Варанда резерват во Северен Мозамбик.
Coral Lodge 15.41 (броевите се однесуваат на географската ширина и должина на хотелот) е опкружен со природен резерват од приватна сопственост, полн со недопрени плажи, дини и мангрови.
Гостите на хотелот имаат можност да искусат некои традиционални активности, да нуркаат околу Португалските урнатини, да го посетат ненаселениот остров на пикник. Ентузијастите можат да го поминуваат времето во риболов и да уживаат во свежо фатената риба истата вечер.
Ресортот може да се пофали со 10 уникатни вили со неверојатни погледи кон плажите, бесконечен базен, уникатен ресторан совршен за вечера под ѕвездите и луксузен спа центар.