Магичното село на Попај
31 октомври, 20140
Како Малта да не е прекреасна сама по себе, па на нејзиниот северозападен дел
може да се најде магичното село Свитхевен, направено во 1979 година,
за потребите за филмот за Попај.
Кога Волт Дизни и Парамаунт одлучиле да направат игран филм за популарниот јунак Попај,
продуцентите како локација го избрале малиот залив на северозападот од Малта.
Тука е сместено измисленото село Свитхевен, кое е градено седум месеци.
На изградбата работеле 165 мајстори, со задача да направат веродостојна верзија
која во стрипот ја опишал неговиот создавач Елзи Сегар.
И навистина, местото изгледа баш како излезено од некоја бајка.