Најлуксузниот хотел во светот

21 ноември, 20140
20
Сместен во Удајпур, во Индија, овој романтичен хотел, изграден по моделот на традиционалните индиски палати, прави гостите да се чувствуваат како членови од кралско семејство.

Имено, хотелот ”Oberoi Udaivilas” изобилува со луксузни погодности, како што е на пример личната услуга од батлер, а само една ноќ во овој хотел чини околу 600 евра.

Сепак, постојат огромен број на причини зошто ова е најдобриот луксузен хотел во светот. Секако, во дел до нив се вбројува и феноменалната природа која го окружува и убавината на самата градба, а тука се и бројните услуги наменети за гостите и нивниот луксузен престој.

Така, гостите во овој луксузен хотел доаѓаат со приватни бродови преку езерото Пичола. По пристигнувањето на овој феноменален остров, пред нив се издигнува импресивна градба која неодоливо потсетува на традиционалните индиски палати.

Градбата во која што гостите престојуваат е декорирана со беспрекорни и неверојатни архитектонски детали, а во внатрешноста гостите ги очекува атмосфера која што ќе им помогне да го пронајдат внатрешниот мир и максимално да се релаксираат.

Прекрасната декорација во внатрешноста на хотелот ги остава гостите без зборови и ги носи во нов свет кој “како да е надвор од нашиот универзум и е плод на нечија разиграна фантазија”. Дел од луксузно декорираните апартмани имаат директен пристап кон приватните базени создадени за уживање.

Сите апартмани се декорирани во модерен индиски стил, а исто така поседуваат и големи плазма телевизори, аудио уреди и најразлични услуги од вработените во хотелот. Секоја од бањите во апартманите се ремек-дело, кога станува збор за дизајнот на ентериерот и претставуваат вистинска оаза на мирот и уживањето.

Исто така, хотелот на своите гости им нуди сесии јога со приватни инструктори, кои што ги водат посетителите до прекрасни места создадени за медитација.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *