Најмодерните и најскапите градби во светот

2 октомври, 20140
Најмодерните и најскапите градби во светот
Светот нуди неверојатни работи, некои дело на мајката природа, а дел од овие неверојатности производ на човекот.

Оваа листа била составена од интернет магазините “Topito” и “Diaporama”, а во себе ги вклучува најскапите градби во светот. Најмодерните и најскапите достигнуваат и вртоглава цена од неверојатни шест милијарди долари. Погледнете…

“Marina Bay Sands”, Сингапур

На првото место е комплексот од хотел, казино, музеј во облик на лотос и највисокиот базен на светот кој се наоѓа на 55-от спрат. Најниската цена за ноќевање на овој хотел е 419 долари.

 

“Resorts World Sentosa”, Сингапур

На вицепозицијата се наоѓа резортот кој нуди шест хотели, казино, паркот “Universal Studio”, најголемиот океански пар во светот и луксузен трговски центар.

“Emirates Palace”, Дубаи

Ова е хотел со седум ѕвезди кој е проценет на 4.46 милијарди долари. Простор од хотелот е прекриен со мермер, а многу делови од истиот се позлатени. Цената за ноќевање се движи од 500 до 11.000 долари.

 

“Venetian”, Макао

Станува збор за најголемото казино на светот чија вредност се проценува на 2.97 милијарди долари.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *