Рај за љубителите на цвеќe: Најголемиот цветен парк во светот
Станува збор за Кекенхоф, познат и како Дворот на Европа и истиот е најголемиот цветен парк во светот,
а воедно се смета и за еден од најубавите пролетни градини.
На површина од повеќе од 32 хектари, во Кекенхоф секоја година се садат околу 7 милиони цветови!
Најдоброто време за посета на овој прекрасен парк се месеците април или мај,
кога цвеќињата се во полн цвет и кога неколку дворови и четири павилјони,
ги покажуваат своите фантастични колекции од зумбули, нарциси, орхидеи, ружи,
каранфили, љубичици, лалиња и многу други видови на цвеќиња.
Во текот на тие месеци, спектарот на бои и мириси во паркот се едноставно магични.
Кекенхоф бил извор на билки за Жаклин, грофицата од Хајнат дворецот,
кога било и одредено името на оваа градина, а по нејзината смрт,
богатите трговци го презеле имотот и оттогаш, паркот променил повеќе сопственици.
Дворот на Европа е дизајниран на начин да прикаже повеќе видови на цвеќиња,
односно ниту еден вид на цвеќе да не се истакнува најмногу.
httpv://www.youtube.com/watch?v=86L419oLjss