Ајвар коцки

24 септември, 20140
12

Состојки

4 Јајца
4 лажици брашно
300 грама спанаќ
100 мл павлака
1 прашок за пециво
сол
500 грама кравјо сирење
3 лажици ајвар
½ лажичка сув лук
4-5 палачинки
150 грама шунка или сланина тенко сечена
150 грама кашкавал рендан

Подготовка

1.Белките одвојте ги од жолчките и изматете ги во цврст снег.
2.Спанаќот обарете го, исцедете го и ситно исечкајте го.
3.Во друг сад, изматете ги жолчките, додајте брашно, павлака, прашок за пециво и малку сол. Кога ќе добиете компактна маса, со лажица за мешање додајте ги изматените белки.
4.Во помал плех кој е обложен со хартија за печење, истурете ја смесата. Печете на 200 степени околу 20-тина минути.
5.Сирењето издробете го измешајте го со ајвар и лук.
6.На веќе приготвените палачинки ставете неколку парчиња шунка, рендан кашкавал и завиткајте ги во ролна.
7.Испечената кора пресечете ја на пола. Врз неа намачкајте дел од филот (помалку од половина), во средина ставете ги ролуваните палачинки и додадете го останатиот фил за да ја пополните целата површина.
8.Врз измазнетата површина додајте ја и втората кора. Нешно притиснете и тортата ставете ја во фрижидер за да се стегне.
9.Се послужуваат ладни, украсени со мајонез, рендан кашкавал или пак со филот од сирење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *