Белата долина

16 декември, 20140
26

Потребни состојки за кората:

–      6 белки

–      200 гр шеќер

–      лажица оцет

За првиот фил:

–      12 жолчки

–      200 гр шеќер

–      4 лажици пудинг од ванила

–      1 л млеко

–      250 гр маргарин

За вториот фил

–      300 гр чоколада

–      250 гр маргарин

За декорација:

–      2 кесички желатин

–      1 л млеко

–      250 гр шеќер

–      350 гр шлаг крема од ванила

Подготовка:

Изматете цврст снег од белките, па додавајте лажица по лажица ид шеќерот и на крајот оцет. Смесата поделете ја на два дела. Испчете две кори.

За првиот фил: изматете ги жолчките со шеќерот, пудингот и 100 мл млеко. Постепено додавајте ги во останатото млеко кое врие. Мешајте постојано. Откако ќе добиете густ крем, тргнете го садот од оган. На страна изматете го пенесто маргаринот, па додадете го во изладениот крем.

Растопете ја чоколадата на тивок оган. Маргаринот изматете го пенесто и во него додадете ја изладената растопена чоколада.

За декорацијата: изматете го желатинот во ладна вода со шеќерот и варете го петнаесетина минути на тивок оган. Изматете ја шлаг кремата и соединете ја со изладениот желатин. Филувајте по овој редослед: кора, прв фил, кора, втор фил, па декорација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi