Брз чоколаден колач со банани и кокос

27 мај, 20140
9

Состојки:

– неколку банани
– чоколадо за готвење
– кокос, мрвици, мелени ореви, бадеми или лешници (доволна е и само една од овие состојки)

Подготовка:

Најпрвин добро го растопувате чоколадото, на тивок оган за да не добие загорен вкус. Бананите ги лупите и ги сечете на кругови. Со вилушка, парче по парче потопувате во чоколадото. На крајот, извалкајте ги во кокос, ореви или некоја друга состојка која ќе го создаде финалниот вкус на оваа слатка закуска.

Кога ќе ја повторите постапката со сите парчиња банана, ставете го садот со колачиња во замрзнувач додека не се стврднат (оставете да отстојат околу 6 часа). Потоа, префрлете ги во фрижидерот.

532b93abdbfa3f401b0006d3._w.540_s.fit_

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi