Брза пита со јогурт

10 мај, 20140
19

Состојки:

ЗА ТЕСТО
● 1 шоља пченкарно брашно
● ½ пченично брашно
● Малку сол
● 7 лажици путер
● 4-6 лажици ладна вода

ЗА СМЕСА
● 2 јајца, одвоени жолчки од белки
● Шоља јогурт
● 4 лажици шеќер
● 2,5 лажици пченкарно брашно
● Сок и кора од еден лимон
● 1-2 лажици мак во зрно

Подготовка:

●З амесете тесто од сите состојки барем два часа порано. Ако премногу се лепи додајте уште малку брашно. Оставете го замесеното тесто да отстои во фрижидер.

● Калапот за печење торти (чиј долен дел се вади) намрсете го со малку масло за јадење, па обложете го со тесто. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени.

● Во една чинија измешајте ги јогуртот, жолчките, брашното, шеќерот, лимонот и макот. Измиксирајте добро. Во друг сад изматете цврст снег од белките од јајцата, со малку сол и шеќер.

● Внимателно измешајте ги двете смеси, па филот сипете го врз тестото во калапот. Печете околу 45 минути додека површината целосно не зарумени. Оставете целосно да се излади па потоа сервирајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *