Брзо, вкусно, лесно: Кремаста торта

20 март, 20140
20

Состојки:

1 пакување пишкоти
4 лажички нескафе
4 лажици какао
1/2 литро слатка павлака
300 гр шеќер
6 јајца

Подготовка:

Изматете ги жолчките со шеќерот, белките посебно во снег. Потоа соединете ги и добро измешајте. Настрана изматете ја добро слатката павлака и измешајте ја со смесата со јајца. Поделете ја добиената смеса на три дела, едниот оставете го така, во  другиот ставете го нескафето, додека во третиот какаото.

Во тавче бр.28 наредете ги пишкотите претходно потопени во рум, млeко и сл. по желба. Обложете ги и краевите на тавчето со пишкоти. Потоа ставете ги трите смеси една врз друга и на крај повторно наредете од потопените пишкоти. Декорирајте со какао или чоколаден прелив. Оставете ја преку ноќ тортата во фрижидер за да се стегне кремот. Уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi