Бурек со фета и спанаќ
23 мај, 20140
Состојки:
500г кори за пита,
400г спанаќ,
500г фета,
4 јајца,
2дл јогурт,
1 чаша кисела павлака,
1 лажичка лук во прав,
1 лажичка сув или свеж босилок,
сол,
масло
Подготовка:
Во поголем сад сматете ги јајцата, па додајте го фета сирењето издробено на ситни парчиња, павлаката и исчистениот ситно исецкан свеж спанаќ. Измешајте добро, зачинете со лукот, босилокот и посолете. Во округла тепсија намачкана со зејтин редете по четири кори и секоја малку намачкајте ја со јогурт. На четвртата кора нанесете фил, па повторете ја постапката. Печете го бурекот 30-40 минути на 200 степени, а пред крајот на печењето преку крцкавата кора посипете малку сув босилок.