Чајни колачи со чоколадо и марципан

26 април, 20140
19

Состојки:
Марципан:

  • 70 грама мелени бадеми
  • 50 грама шеќер во прав
  • 1 белка од јајце
  • 1 лажичка бадемов екстракт

Чоколадно тесто:

  • малку несолен путер за мачкање на калапчињата
  • 100 грама солен путер
  • 100 грама чоколада за готвење, сечкана
  • 2 цели јајца
  • 1 жолчка од јајце
  • 50 грама бел шеќер
  • 50 грама кафеав шеќер
  • 70 грама мелени бадеми
  • 3 лажици брашно

Подготовка:
марципан
Во мал сад измешајте ги мелените бадеми и шеќерот во прав.
Додајте ги белката од јајце и бадемовиот екстракт (зачувајте ја жолчката зашто ќе ви треба подоцна за тестото.)
Измешајте ги убаво за да се формира тврдо тесто.

чоколадно тесто
Загрејте ја рерната на 170 степени.
Намачкајте 12 калапи за колачиња со малку путер.
Во мало тенџере на ниска температура стопете го солениот путер.
Тргнете го од рингла и додајте му ја сечканата чоколада, добро промешајте додека смесата да се изедначи и целата чоколада да се стопи и оставете го настрана да се олади.
Во голем сад со електричен миксер убаво изматете ги двете јајца и жолчката од третото јајце.
Постепено додавајте ги белиот и кафеавиот шеќери и продолжете да матите додека смесата да стане многу густа и светла.
Со голема метална лажица полека додајте ги мелените бадеми и брашното и размешајте. На крај додајте ја оладената смеса од чоколада и промешајте колку да се спојат.
Со лажица полнете ги калапите до половина со тестото, а потоа во средината на тестото во секое калапче ставете по едно лажиче од смесата од марципан.
Врз марципанот додајте уште малку од чоколадното тесто и печете 15-20 минути, или додека чепкалката прободена во средината да излезе чиста.
Кога ќе се оладат колачињата, попрскајте ги со малку шеќер во прав, по желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *