Чоколаден непечен ролат

15 мај, 20140
11

Состојки:
За белиот дел:
50 мл слатка павлака
50 мл кондензирано млеко
120 гр бело чоколадо
75 гр маргарин
30 гр шеќер во прав
1 жолчка
120 гр мелени бисквити
50 гр сецкани лешници
За црниот дел:
200 гр млечно чоколадо
150 гр маргарин
100 гр шеќер во прав
1 јајце
200 гр мелени бисквити
Подготовка:

Кондензираното млеко и слатката павлака загрејте ги на тивок оган, па додадете го чоколадото да се растопи и оставете го да подолади.
Во сад за матење пенасто изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па потоа додадете ја жолчката и повторно убаво изматете. Додајте ја и стопената смеса со чоколадо, па откако добро ќе изматите, вмешајте ги рачно мелените бисквити и додадете ги лешниците. Нека не ве плаши тоа што ќе добиете потечна смеса. Ставете го во фрижидер 1 час, тоа убаво ќе си се здрви.
Откако се стегнала белата смеса, извадете ја од фрижидер и врз мрсна хартија оформете ја во цилиндар со најмалку 30см должина, а ако сакате потенки парчиња, издолжете уште малку.

На пареа или во микробранова растопете го црното чоколадо.
Маргаринот и шеќерот пенасто измиксирајте ги. Додадете го јајцето и повторно миксирајте додека се фино не се спои, па додадете го растопеното и веќе подизладено чоколадо и уште еднаш убаво измиксирајте. Додадете ги на крај мелените бисквити и рачно измесете со рака или пак со потврда алатка за мешање.
Ставете ја и оваа смеса во фрижидер на 1 час. Потоа врз мрсна хартија истенчете ја во правоаголник со должина колку што сте го формирале белиот ваљак. Ставете ја белата смеса на почетокот и завиткајте/обложете ја со црната.
Оставете го ролатот неколку часа во фрижидер, убаво да се здрви.
Доколку немате кондензирано млеко, ставете вкупно 90 мл слатка павлака.
Доколку не сакате да користите свежи јајца, тогаш истретирајте ги предходно на пареа некои 10на мин, па измиксирајте ги со предвиденото количество шеќер и потоа откако ќе изладат измиксирајте ги со маргаринот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi