Чоколадна торта создадена за почетници

12 февруари, 20140
8

Состојки:

8 јајца

200 гр шеќер

1 дл масло

700 гр чоколадо за готвење

½ пакетче прашок за пециво

0,5 л павлака за шлаг

Подготовка:

Одвојте ги белките и жолчките и изматете цврст снег.

Во жолчките додадете шеќер и мешајте со миксер додека шеќерот не се стопи. Во смесата додадете масло и прашок за пециво и повторно измешајте со миксер.

Чоколадото (300 гр) се топи на пареа. Откако ќе се стопи додадете го чоколадото во смесата и повторно добро измешајте.

Во смесата додадете го и снегот од белките и повторно измешајте, но рачно. Добиената смеса префрлете ја во калап за печење. Се пече на 180 степени, 40 минути.

Павлаката исипете ја во сад и во него додадете 400 гр парчиња чоколадо за готвење. Садот ставете го на пареа и мешајте се додека смесата се изедначи.

Добиениот крем се додава врз кората. По површината поросете обилно со какао во прав и вашата торта е готова. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi