Cronut: Колачите што го фасцинираа светот! (фото-рецепт)

5 февруари, 20141
14

Состојки:

За тесто:

250 мл топло млеко

1 лажица сув квасец

1/3 чаша шеќер

2 јајца

1 лажица ванилин шеќер

2 ½ чаша брашно

1 кафена лажичка сол

1 чаша путер на собна температура

За прелив:

½  чаша шеќер во прав

3 лажици јаворов сируп или мед

1-2 лажици млеко, павлака или вода

Во поголем сад се меша млекото и квасецот и се чека да втаса. Додадете шеќер, јајца и ванила, па добро измешајте. Додадете една чаша брашно и сол, па постепено додавајте  брашно мешајќи и месејќи го тестото неколку минути, додека не стане меко и еластично.

Преместете го тестото во сад и покријте го со пластична фолија, па ставете го во фрижидер 30 минути. во меѓувреме изматете го путерот и преостанатата ¼ брашно со миксер неколку минути додека се изедначи.

Кога тестото ќе се олади префрлете го на маса поросена со брашно и растегнете правоаголник со димензии 33х46 см и дебелина 1 см. Премачкајте го тестото со путер и превиткајте го на 3 дела, еден врз друг. Покријте со пластична фолија и повторно ставете го во фрижидер уште 30 мин.

Кога ќе го извадите повторно развлечете го во правоаголник со истите димензии и превиткајте го на три дела како и првиот пат. Повторно вратете го во фрижидер. Повторете го ова уште два пати за да добиете повеќе слоеви. Значи, вкупно треба да ја повторите постапката 4 пати и тестото да отстои во фрижидер 4 пати. Кога ќе завршите со слоевите ставете го тестото повторно во фрижидер, но еден час или во текот на ноќта.

Тестото е веќе подготвено за печење. Разлечете го во слој со дебелина 3-5 см, па со чаша вадете крофни.

Во длабок сад добро загрејте го маслото како за обични крофни. Додадете ги крфничките во врелото масло и пржете од двете страни се додека не добијат златно-кафена боја.

Се служат топли со прелив.

Повкусно нешто во живот не сте пробале!

 

 

One comment

  • petra

    13 февруари, 2014 at 20:20

    probav po receptov i sfativ deka kolicinata na brasno e mn mala.. potraziv dr recept na internet i najdov, ide 3 1/2 casi brasno….inace dr e se ok..pozz

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi