Домашен сладолед од само една состојка
23 мај, 20140
Да така е, само една состојка. Овој сладолед е мошне вкусен и кремаст, а можете да го направите без машина за сладолед. Не се потребни млеко и шеќер. Не е тешко да се направи, а уживањето е загарантирано. Еве што треба да направите:
Исецкајте ги бананите на парчиња и ставете ги да замрзнат. Откако ќе замрзнат, ставете ги во блендер. Набрзо ќе забележите како бананите се претвараат во кремаста и глатка смеса. За крај само сервирајте. Пријатен апетит!