Домашни Фереро Рошер

8 ноември, 20140
2

СОСТОЈКИ

  • 100 гр наполитанки (од лешник или чоколадни)
  • 100 гр лешници
  • 200 гр нутела
  • 150 гр чоколадо за готвење (може и млечно)
  • 4-5 супени лажици масло за готвење

ПОДГОТОВКА

  1. Распоредете ги лешниците во тава за печење, а потоа ставете ги да се печат околу 8-10 минути во загреана рерна на 180 степени.
  2. Извадете ги и оставете да се оладат, а потоа излупете ги и ситно исецкајте ги или издробете ги во блендер.
  3. Грубо искршете ги наполитанките (моето искуство вели дека најдобри и најсвежи се секогаш наполитанките на Европа) во подлабок сад, а потоа додадете ги издробените лешници и нутелата и измешајте добро.
  4. Од смесата вадете со една мала лажичка и со дланките обликувајте топчиња. Ако смесата ви е премногу мека, па обликувањето оди тешко, ставете го садот во фрижидер околу 30 минути да се олади, а потоа правете ги топчињата. На крајот ставете ги топчињата во фрижидер најмалку 1 час за убаво да се стврднат.
  5. На пареа растопете го чоколадото и додадете го маслото, а потоа секое топче потопете го во смесата и вратете го во фрижидер да се стврдне уште еднаш.
  6. Кога глазурата убаво ќе се олади, секе топче ставете го во украсна корпичка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *