Домашни кубети

24 март, 20140
3

Состојки

  • 40 гр. квасец
  • 1 кг. брашно
  • 1 лажица сол
  • 1 чаша масло (чаша од јогурт)
  • 1 пакетче ким
  • 100 гр. сусам
  • 250 мл. млеко (по потреба)

Упатство

 Во брашното се прави вдлабнатина во која се става квасецот со прстофат шеќер и дел од млекото затоплено да надојди. Потоа се додаваат и другите состојки, од кои млекото замлачено на крај.

Се меси средно тврдо тесто кое го развлекуваме на намастена работна површина во вид на правоаголник или коцка со дебелина од 1 сантим. Со нож хоризонтално и вертикално се сечи на растојание од исто така 1 см.
Одозгора со четкичка ги премачкуваме со масло и ги редиме на подмачкан плех.
Се печат на 180 степени и на секои 5 мин се отвора рерната и се протресуваат. Готови се кога од сите страни малку ќе фатат боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi