Домашни печени тулумби

popara4 ноември, 20143min00
15

Состојки

  • 300 г брашно
  • 100 мл масло за готвење
  • 500 мл вода
  • 6 јајца
  • 800 г шеќер (за шербет)
  • 400 мл вода (за шербет)

Подготовка

  1. Подготовка на смасата без јајца Во сад за готвење, на оган, ставете вода и масло и причекајте да зоврие. Откако ќе зоврие, ставете го брашното и мешајте се додека не добиете компактна густа смеса. Тргнете го од оган.
  2. Подготовка на смесата со јајце Додавајте едно по едно јајце и константно мешајте се додека не добиете изедначена смеса. На почеток јајце се меша малку потешко, но бидете упорни. Ќе добиете жолта и леплива смеса.
  3. Наполнет шприц со смесата за тулумби Шприцот за тулумби наполнете го со смесата.
  4. Формирање на тулумбите Истиснете го тестото директно врз хартијата за печење (постапка на формирање на тулумби), и со нож сечете го крајот.
  5. Спремни за печење Печете ги во загреана рерна, на 180 степени околу 25 минути или се додека не добијат златно кафена боја.
  6. Подготовка на шербет Во меѓувреме подгответе го шербетот: загрејте ја водата и додадете го шеќерот. Откако ќе зоврие, варете го уште 10 минути се додека не се добие фин сируп.
  7. Попарени со шербет Тулумбите попарете ги со шербетот и оставете ги барем 5-6 часа да впијат добро.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag