Фритери од тиквички
23 септември, 20140
Состојки
- 2 мали тиквички, рендани, посолени и исцедени од вишокот вода
- 2 мали кромитчиња ситно рендани
- китка магдонос
- копар по желба
- 1 јајце
- 150гр пармезан
- 100гр брашно
Подготовка
Измешајте ги сите состојки и со помош на лажица во загреано масло пржете ги фритерите. Секој фритер посебно истапкајте го на хартија да се отстрани вишокот масло, па насолете го по желба.
Сервирајте топло.