Избор на нашите читатели: Фантазија торта

17 јануари, 20140
9

Состојки:

Подлога:

300 гр мелени бисквити

2 дл чоколадно млеко

1 ванилин шеќер

Бел крем:

300 мл павлака за шлаг

3 лажици шеќер

100 гр бело чоколадо

0,5 пакетче желатин

Темен крем:

300 мл павлака за шлаг

100 гр чоколадо за готвење

3 лажици шеќер

0,5 пакетче желатин

Декорација:

200 мл павлака за шлаг и малку чоколадо

Подготовка:

Од мелените бисквити, ванилиниот шеќер и чоколадното млеко направете кора, која се формира во длабок калап. На пареа се топи белата чоколада. Се матат павлаката и шеќерот во што ја додаваме и стопената чоколада и желатинот. Матиме со миксер, па го додаваме филот врз кората. Треба да отстои во фрижидер додека се стегне.

На пареа се топи црното чоколадо. Се матат павлаката и шеќерот па ја додаваме стопената чоколада и желатинот. Матиме со миксер, па го додаваме црниот фил врз белиот. Тортата треба да отстои 1 час во фрижидер. Со матениот шлаг на крај се декорира тортата. На крај поросете со рендано чоколадо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi