Кнедли од ориз
29 мај, 20140
Состојки:
300г ориз,
еден праз,
150г мортадела,
2 јајца,
сол,
бибер,
2 лажици пармезан,
зејтин
За поховање:
2 јајца,
презла
Подготовка:
Обарете го празот, исцедете го и исечете го на кругчиња. Испржете го на загреан зејтин. Во сварен, исцеден и оладен ориз додајте го празот, исецканата мортадела, сол, бибер, јајца и пармезан. Измешајте. Од смесата направете кнедли, извалкајте ги во изматени јајца, па во презла и пржете ги на зејтин додека да поруменат од сите страни.