Кремисимо коцки
Состојки:
600 гр петит бисквити со путер
1 л млеко
6 лажици шеќер
2 пудинг од ванила
2 лажици брашно
3 лажици густин
1 маргарин
1 ванилин шеќер
5 лажици Краш експрес
10 дкг чоколадо
Неколку крем банани
2 портокали
½ л слатка павлака
Подготовка
Крем:
Млекото се вари со шеќер, густин, брашно, пудинг и ванилин шеќер. Оставете да се олади.
Во кремот додадете матен маргарин и поделете ја смесата на 3 дела.
Во 1 дел додадете краш експрес
Во 2 дел додадете исецкани крем банани
Во 3 дел додадете крупно рендано чоколадо
Сега исцедете ги портокалите и во него ќе ги потопувате бисквитите.
Подредувајте ги 5*4 редови.
Најпрво почнувате со ред бисквити, следува кремот со Краш експрес, потоа повторно бисквити па ред од филот со крем банани, бисквити и филот со чоколадо. На крај се премачкува со шлаг. Неколку часа тортата треба да отстои во фрижидер, а потоа се сече на парчиња.