Лесна чоколадна пита

15 април, 20140
15

Состојки:

  • 300 гр. мелено бисквити
  • 1 лажица какао
  • 4 белки
  • 500 мл. јогурт
  • 300 гр. темно чоколадо
  • 1 пакетче желатин
  • лешници, костени или шлаг за декорација по желба 

Подготовка:

Мелените кекси измешајте ги со какаото и белките, со цел да добиете една хомогена смеса. Потоа смесата истурете ја во еден кружен калап и издигнете ги ивиците. Смесата избоцкајте ја со виљушка и печете 10 минути на 180 степени.

Јогуртот сипете го во сад. Стопете го чоколадото на ниска температура или во микробранова. Додадете неколку лажици јогурт за да тој се смлачи и потоа целата смеса истурете ја во садот со јогуртот. Измешајте убаво.

Желатинот подгответе според упатството на кесичката. Во овој случај: разматете го со 4 лажици ладна вода, оставете го да добиете една хомогена смеса, а потоа загрејте го и мешајте додека убаво не се стопи. Додадете ги јогуртот и чоколадото.

Прелијте ја смесата преку испеченото тесто и оставете добро да се олади во фрижидерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *