Лимон крем торта

28 јули, 20140
8

Состојки:

  • 250 грама путер, собна температура, плус за подмачкување на садовите за печење
  • 2 ½ чаши брашно, плус количина да се посипат тавите за печење
  • ½ чаена лажичка пециво
  • ½ чаена лажичка сода бикербона
  • 1 чаена лажичка сол
  • 1 чаена лажичка кора од лимон, рендана
  • 2 чаши шеќер
  • 3 јајца + 3 жолчки
  • ¼ чаша + 2 чаени лажички свеж сок од лимон
  • 1 чаша обезмастено млеко
  • 1 лимон, исецкан на тенки кругови

 

Чекор 1

Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте ги со путер и посипете ги со брашно садовите за печење- 2 кружни тави за печење со дијаметар од 20 см. Во длабок сад измешајте ги брашното, сода бикербона, пецивото, солта и корите од лимон.

Чекор 2

Во голем и длабок сад измешајте ги со миксер путерот и 1 ½ чаша шеќер , се додека не стане смесата лесна и мека. Со миксерот на најниска брзина изматете ги јајцата и жолчките една по една. Додадете го сокот од лимон и продолжете со мешање и додавање на сместа од брашно и безмасното млеко но комбинирано, да почнете и завршите со брашното, мешајте дури не добиете компактна смеса.

Чекор 3

Поделете ја смесата во двете тави подеднакво.  Печете додека не нарасне тестото малку над страните од тавите, околу 32 до 35 минути. Извадете и оставете да се оладат некои 10 минути. Оформете ја тортата, отстранувајќи ги сите непотребни делови од страна со помош на кујнски нож.

Чекор 4

Додека се пече тортата, ставете ги во сад преостанатите ½ чаша шеќер и ½ чаша вода да зовријат. Додадете ги парчињата од лимон и варете 25 минути. Со лажица извадете ги од сирупот парчињата лимон на хартија да се впие водата од нив. Истурете го преостанатиот ¼ чаша сок од лимон во сурупот.

Чекор 5

Со чепкалака за заби направете дупчиња во тестото од тортата. Полека сипете од лимоновиот сируп. Оставете да се олади. Исфилувајте со бел шлаг по желба и над тоа додадете ги зашеќерените парчиња лимон . Тортата е готова за послужување.

Време на подготовка: 45 минути / ќе послужите: 12

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi