Монте торта

25 август, 20140
10

Состојки:

Тесто

  • бисквити
  • малку млеко
  • рум

Бел крем

  • 1 литар млеко
  • 100 гр. пченкарно брашно
  • 100 гр. шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 125 гр. путер

Црн крем

  • 500 мл слатка павлака (хопла)
  • 200 гр. чоколда за готвење

Подготовка:

На дното на сад за печење ставете ги бисквитите, потоа премачкајте ги со малку млеко и рум.
Почнете со подготовка на белиот крем. Загрејте го млекото и додадете малку рум во него. Во друг сад измешајте го шеќерот и брашното со малку млеко со цел да добиете мазна смеса, а кога млекото ќе почне да врие, згответе ја смесата и мешајте две минути. Додека смесата е топла додадете го путерот и прелијте ја смесата преку бисквитите.

Додека белиот крем се лади, започнете со подготовка на чоколадниот крем. За овој крем на тивок оган ставете ја хоплата и додадете ја исечканата чоколада за готвење. Кремот ќе биде готов кога чоколадата ќе се стопи целосно.

На крај прелијте го овој крем, над белиот, почекајте да се олади и послужете!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi