Највкусните потпечени палачинки со шунка и сирење

21 септември, 20150
13

Потребни состојки:

  • 10 палачинки
  • 10 тенки парчиња шунка
  • 10 лажици ситно сирење (околу 200 грана)
  • 1 јајце
  • 200 мл. јогурт
  • Кечап по вкус
  • Малку оригано

Подготовка:

Испржете ги палачинките по ваш рецепт или пак изматете 2 јајца со малку сол, додадете 150 гр. брашно, 200 мл. млеко и 150 мл. кисела вода, како и 2 лажици масло. Од оваа количина ќе добиете 10 до 15 палачинки зависно од големината на тавчето. Секоја палачинки премачкајте ја со кечап, ставете парче шунка, лажичка сирење, замотајте ја и ставете ги во плех или пак чинија за печење.

Изматете јајце, додадете јогурт, измешајте и прелијте ги палачинките. Посипете со оригано.

Печете 20-на минути во загреана рерна на 200 степени.

Пријатен апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *