Неодолив и нов вкус: Баклава со Нутела

10 март, 20140
11

Потребни состојки:

  • 12 лажици мед
  • 120 мл вода
  • 1 стапче цимет
  • 300 г крем Нутела
  • 60 г печени лешници, исечкани
  • 60 г фстаци, исечкани
  • 45 г печени бадеми, исечкани
  • 35 г печени ореви, исечкани
  • ½ лажиче цимет во прав
  • 1/8 лажиче сол
  • 100 г несолен путер, растопен
  • 24 замрзнати кори
  • спреј за готвење

Начин на подготовка:

Медот, водата и стапчето цимет ставете ги во едно тавче на тивок оган, додека не се растопи медот. Потоа, зголемете ја температурата и гответе без мешање уште 7 до 10 минути. Тргнете ја тавата од оган и оставете ја покриена за да се одржи топлината. Од смесата извадете го стапчето цимет.

Рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови. Нутелата ставете ја 45 секунди во микробранова печка за да се растопи. Во друг сад ставете ги сите јаткасти плодови, солта и циметот и убаво измешајте.

Испрскајте ја тавата за печење со спреј за готвење. Врз тавата ставете една кора и намачкајте ја со путер користејќи четка. Постапката повторете ја со шест кори, а врз нив намачкајте една третина од нутелата во рамномерен слој. Одозгора распоредете една третина од јаткастите плодови. Потоа повторете ја постапката, завршувајќи ја баклавата со шест кори на врвот. На крајот, нежно притиснете одозгора.

Со остар нож, исечете ја баклавата на 24 еднакви парчиња. Печете ја 35 минути, додека корите не станат златнокафени. Извадете ја од рерна и полијте ја со медот. Чувајте ја на собна температура во кутија која се затвора од сите страни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *